ЕУ не разгледува воведување санкции против Русија поради Сирија

Ниедна од земјите-членки на ЕУ не предложила воведување нови санкции против Русија поради ситуацијата во Сирија, изјави високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини.

Високиот комесар на Европската унија за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини изјави дека земјите-членки на унијата не разгледуваат воведување нови санкции поради ситуацијата во Сирија. Ова го изјави таа во понеделникот по завршувањето на седницата на Советот на ЕУ, пренесува „Лента.ру“.

„Не, не дискутиравме санкции против Русија. Ниту една земја од ЕУ не го предложи тоа“, истакна таа, одговарајќи на прашање на новинарите.

На 8 декември портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потенцираше дека продолжувањето на санкциската реторика од страна на САД предизвикува жалење кај Москва.

Претходно заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков исто така изрази мислење дека обидите за закана со санкции за она што се случува во Сирија ја покажуваат целосната немоќ на земјите од Западот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња