ЕУ и САД најавуваат санкции против поддржувачите на Асад

Лидерите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Канада најавија можност за воведување санкции против сојузниците на сирискиот претседател Башар Асад.

„Подготвени сме да разгледаме дополнителни мерки на ограничување против физички и правни лица кои дејствуваат во интерес или во име на сирискиот режим“, се вели во заедничката изјава за ситуацијата во Алепо, објавена од прес-службата на Белата куќа, пренесува РИА „Новости“.

Текстот, исто така, ги повикува сите страни во конфликтот во Сирија да ги почитуваат „нормите на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ја и Женевската конвенција“.

„Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун зборуваше во врска со воените злосторства извршени во Сирија. Не треба да постои неказнивост за виновниците. Апелираме ООН да ги истражи релевантните извештаи и да собере докази за повикување на виновниците за воените злосторства на одговорност“, се потенцира во документот.

Исто така, лидерите на западните земји апелираат до Русија и Иран да влијаат на ставот на сириските власти во однос на Алепо.

Повиците за нови санкции доаѓаат по вестите за ослободување на источниот дел на Алепо од страна на сириската армија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња