МО РФ организира извлекување на цивилите од Алепо

За Сиријците, кои сакаат да ги напуштат источните делови на Алепо, руското Министерство за одбрана организираше хуманитарни коридори. Според информациите на одбранбениот ресор, луѓето го напуштаат градот во бесконечни колони.

Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана на РФ изјави: „Од рускиот центар за помирување е организирано извлекување на цивилите од источните квартови на Алепо во безбедните зони на градот преку хуманитарните коридори на подрачјето на Карим Хун и Ел Махајар“, пренесува НТВ.

Според него, со помош на беспилотни летала се врши постојан мониторинг на извлекувањето на цивилите од блокираните реони на градот и на сајтот на Министерството за одбрана се врши онлајн-пренос.

Конашенков истакна дека „луѓето излегуваат преку хуманитарните коридори како бескрајна река во делот на градот контролиран од сириската влада. Денес 93% од територијата на Алепо е под контрола на сириските власти.

Претходно беше соопштено дека речиси 18 илјади цивили, од кои над 7,5 илјади деца, до утрото успеале да ги напуштат источните реони на градот кои се под контрола на милитантите. Сириската армија ја запре офанзивата додека трае извлекувањето на цивилите. Кога ќе заврши повлекувањето, армијата на Сирија ќе продолжи со ослободување на источните делови на Алепо.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња