Според Лавров, причината за оваа одлука е најголемата операција досега за извлекување на цивилите од источно Алепо.
„Колона од околу 8000 луѓе, тоа е огромна операција. Патот е со должина од 5 километри. Ова го велам од Хамбург, но таква информација дојде, а можеби вашите колеги од Сирија подетално ќе ви раскажат, објасни Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Тој истакна дека низа партнери на Москва „на маргините“ на состанокот на Советот на на министрите за надворешни работи на ОБСЕ изразиле загриженост во врска со хуманитарната ситуација во Алепо.
„Но, кога ќе почнете да зборувате со колегите во детали, кога ќе почнете да покажувате што прави Русија, нашите војници во Центарот за помирување во Хмејмим и да прашувате каде се сличните дејствија од ваша страна, тогаш не слушаме ништо конкретно“, додаде шефот на руското МНР.
Во текот на изминатите три недели, војската и доброволците ослободија повеќе од 80% од територијата на источно Алепо, заземена од терористите за време на инвазијата во 2012 година. Откако ја пробија одбраната во историскиот дел на градот, војската го принуди непријателот да побегне во јужните квартови. Тој дел на градот е последната зона на отпор на милитантите.
Според информациите на доброволците, во моментов радикалите контролираат не повеќе од 10-12 квадратни километри од источниот дел на Алепо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче