МОК ги продолжи санкциите против Русија

Санкциите против Русија продолжуваат да важат, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги продолжи „до следното известување“ санкциите против Русија, соопштува агенцијата „Ројтерс“. Првично санкциите важеа до крајот на оваа година.

МОК одби да организира или да поддржи секаква спортска манифестација или средба на територијата на Русија. Организацијата, исто така, ги повика сите меѓународни федерации на Олимписките зимски спортови „да ги замрзнат подготовките“ за главните настани во Русија, вклучувајќи го и Светското првенство и светските купови и „активно да бараат алтернативни организатори“.

Оваа одлука беше донесена по објавувањето на резултатите од истрагата на независната комисија на Светската агенција за анти-допинг (ВАДА) под раководство на Ричард Мекларен за можен допинг во текот на  Олимписките игри 2014 во Сочи, пишува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња