Претседателот на Русија Владимир Путин ја утврди новата Доктрина за информациона безбедност на Русија, се вели во указот објавен на порталот за правни информации.
Документот беше потпишан на 5 декември и стапи во сила, пренесува РИА „Новости“.
Еден од правците на новата доктрина е стратешкото одвраќање и спречување на воени конфликти кои можат да настанат при употреба на информатичките технологии.
„Стратешка цел на осигурувањето на информационата безбедност во сферата на стратешката стабилност и рамноправното стратешко партнерство е формирање на одржлив систем на неконфликтни меѓудржавни односи во информацискиот простор“, се истакнува во текстот на документот.
Во доктрината исто така, се наведува дека специјалните служби на некои земји користат „информационо-психолошко влијание“ за дестабилизација на ситуацијата во светот, што доведува до „поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на другите држави“.
Притоа бројот на координирани напади врз важни руски објекти расте, а странската разузнавачка активност против земјата се засилува.
Еден од правците на доктрината, одобрена од рускиот претседател, е усовршувањето на системот за осигурување на информационата безбедност на Вооружените сили на Русија.
Во доктрината за информациона безбедност се истакнува и дека руските медиуми во странство се изложени на отворена дискриминација.
„За руските новинари се создаваат пречки за реализација на нивната професионална активност“, се вели во текстот на документот.
Се потенцира дека странските медиуми даваат пристрасна оценка на руската државна политика, притоа бројот на таквите материјали расте.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче