Путин го одобри новиот концепт на надворешната политика на Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин го одобри новиот концепт на надворешната политика на земјата.

Претседателот на Русија Владимир Путин го одобри новиот концепт на надворешната политика на земјата, соодветниот указ и текстот на концептот се објавени на официјалниот интернет-портал за правни информации, пренесува РИА „Новости“.

Русија го смета за свој приоритет зајакнувањето на меѓународното право, се вели во документот. Москва строго ги почитува обврските за контрола на вооружувањето и го бара истото од партнерите.

Во концептот се нагласува дека Русија е подготвена да продолжи со разговори за постепено намалување на нуклеарните потенцијали. Исто така, Москва се залага за договор за спречување на трката за вооружување во вселената.

Посебно внимание во документот се укажува на односите со НАТО и со САД. Русија има негативен став кон проширувањето на НАТО, приближувањето на инфраструктурата на Алијансата до руските граници и засилувањето на неговите воени активности.

Се истакнува дека Русија го смета создавањето на глобалниот систем за ПРО како закана и го задржува правото да преземе адекватни мерки. Во исто време, Москва му придава големо значење на спроведувањето на договорот со Вашингтон за стратешкото нуклеарно вооружување и очекува дека САД во своите акции на светската сцена строго ќе се придржуваат до нормите на меѓународното право.

Покрај тоа, Москва се залага за решение во Сирија, за целосност, независност и територијален интегритет на земјата. Во однос на борбата против тероризмот, во фокусот треба да биде создавањето на широка меѓународна коалиција.

Во концептот се наведува дека главната тенденција на современата фаза на светскиот развој станува борбата за доминација во светот и се потенцира безалтернативноста на ООН како центар за регулирање на меѓународните односи. Русија, од своја страна, ќе придонесува за подобрување на механизмот на примена на санкции од страна на ООН.

Исто така, во концептот е наведено дека Русија ќе го проширува своето присуство на Антарктикот и ќе бара намалување на затегнатоста на Корејскиот полуостров.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња