Руска лекарка загина при напад на милитантите врз болница во Алепо

Една руска воена лекарка загина, а две се тешко ранети како резултат на гранатирањето врз мобилна воена болница во Алепо, изјави портпаролот на Министерството за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.

Исто така настрадале и локални жители кои дошле на преглед кај лекарката.

„Нема никакво сомнение дека гранатирањето го вршеа милитантите на „опозицијата“, истакна Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Тој потсети дека во моментов сите терористи на „Ан Нусра“, како што тврдат западните колеги, се втерани во ќоше од сириската армија во јужниот дел на источно Алепо. Конашенков констатираше дека тие не се во состојба оттаму да прецизни напади.

„Крвта на нашите војници лежи и на рацете на нарачателите на ова убиство. Тој што ги формираше, обучуваше и вооружуваше тие ѕверови со човечки лик, ги нарече за да се оправда пред својата совест и избирачите „опозиција“. Да, да, на вас, господа, покровители на терористите од САД, Велика Британија, Франција и другите земји кои ги симпатизираат и формираат“, изјави Конашенков.

Тој потенцираше дека Москва разбира, од кого бунтовниците добиле точни координати на приемниот оддел на руската болница.

Мобилните медицински пунктови за жителите на опколениот Алепо беа распоредени во предградијата на градот по наредба на претседателот Владимир Путин во ноември.

Министерството за одбрана на Руската Федерација префрли медицински одред за посебни намени со болница за 100 легла, во која има дури и детско терапевтско одделение.

Болницата дневно може да се прима до 420 луѓе за амбулантско лекување.

Руското Министерство за вонредни ситуации испрати во Сирија мобилна болница со 50 места за болнички престој. Таа може да прими за амбулантско лекување до 200 луѓе дневно.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.