Конвој на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија достави повеќе од 150 тони хуманитарна помош за жителите на Источно Алепо. Вкупно со поморски транспорт пристигнаа 280 тони предмети за основни потреби, вклучувајќи храна.
„Товарот е доставен од Русија во првите недели со бродови. За жителите на Алепо, погодени од борбените дејствија, пристигнаа 15 контејнери со хуманитарна помош“, изјави претставникот на Службата за воен сообраќај на ВС РФ мајор Едвард Горјунов, пренесува ТАСС.
Хуманитарниот товар тежи повеќе од 280 тони и се состои од ориз, шеќер, пченично брашно, конзервирана храна, чај, односно сите видови храна која им е особено потребна на жителите на градот, изјави претставникот на Центарот за помирување мајор Андреј Глушков. Од контејнерите вреќите со храна и кутии беа натоварени во камиони и доставени во камповите за бегалци.
Во центрите за внатрешно раселените лица има поставено 150 полски кујни кои обезбедуваат топол оброк, обезбедена е топла облека, вода и храна. Овде на ранетите и болните им се укажува медицинска помош.
Во моментов, сириските владини трупи ослободија повеќе од 40% од источните реони на Алепо, каде што живеат околу 90 илјади жители.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче