Лавров ги соопшти целите на руските напади во Сирија

Според министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, Воздушно-космичките сили на РФ се обидуваат да го спречат префрлањето на милитантите од „Исламската држава“ од ирачки Мосул во Сирија.

Руската и сириската авијација нанесуваат удари врз терористите исклучително во сириските провинции Идлиб и Хомс за да го спречат префрлањето на милитантите од „Исламската држава“ од ирачки Мосул во Сирија, изјави во петокот шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Нашите ВКС и сириските ВВС работат само во провинциите Идлиб и Хомс за да го спречат доаѓањето на милитантите од ИДИЛ, кои можат да се повлекуваат од Мосул, во Сирија“, изјави министерот по средбата со државниот секретар на САД Џон Кери во Лима, пренесува „Интерфакс“.

Во вторникот министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу соопшти дека руските сили започнале голема операција против терористите во провинциите Идлиб и Хомс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња