Авијацијата од „Адмирал Кузнецов“ уништи десетици терористи на „Ан Нусра“

Авионите-ловци Су-33 од составот на групата бродови предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ уништија повеќе од 30 милитанти на групата „Џебхат ан Нусра“ во сириската провинција Идлиб, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Како што соопшти Конашенков, во вторникот, како резултат на „масовен огнен удар“, терористите на „Џебхат ан Нусра“ претрпеле сериозни загуби, пренесува РИА „Новости“.

Според генералот, по неколку разузнавачки канали се потврдува загинувањето на не помалку од 30 терористи, вклучувајќи ги командирите Мухамед Хелал, Абу Џабер Хармуж и Абул Бах Ал-Асфари, кои планирале офанзива на Алепо. Ал-Асфари бил одговорен за обединувањето на остатоците од резервите на „Џебхат ан Нусра“ во Алепо и Хама.

Како што изјави претходно неделава министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, Русија започна голема операција со напади врз позициите на „Исламската држава“ и „Џебхат ан Нусра“ во провинциите Идлиб и Хомс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња