Захарова го „преведе“ обраќањето на Столтенберг до Трамп

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова ја коментираше статијата на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, објавена во британскиот весник „Гардијан“, во која тој му се обраќа на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

„Кратка содржина на статијата, така кажано, во превод на „реал политички“ јазик: „А кој ќе нѐ издржува и ќе не раководи? Кој ќе ни плати за ова мракобесие што го носиме по милоста на Вашингтон? Зашто последниве неколку години ние се одучивме самостојно да размислуваат и дејствуваме“, вели Захарова на „Фејсбук“.

„Ние (НАТО) се согласивме на сѐ поради американскиот естаблишмент, вклучително и со распоредување на сили и оружје на своите суверени територии во мирно доба. Како сега ќе им погледнеме во очи на своите народи?! Тие сигурно нема да ни го простат тоа, особено по војните со санкции кои поткопаа цели гранки на нашата грижливо изградена економија. Уште има и да зажалите што овде ќе почнеме да живееме самостојно“, се вели во изјавата на Захарова.

Продолжувајќи со „преводот“ на статијата на Столтенберг, Захарова додава: „Ние замижавме за она што САД го сторија во Авганистан,  за тоа што производството на наркотици (прекурсори) се зголеми во повеќе пати. А тие наркотици пред сѐ одат кај нас, во Европа. Ние молчиме за тоа што илјадници војници од земјите на Алијансата настрадаа во текот на ирачката авантура на САД. Не затоа што ни е срам, туку затоа што вие ни плативте за тоа. И, забележете, тоа ни беше доволно, ние дури и сме подготвени на помала плата, ако ви одговара. Се согласивме да ги расипеме односите со Русија, обвинувајќи ја за сите гревови за да ѝ угодиме на владејачката администрација на САД, која сметаше на тоа за да остане во Белата куќа“, вели Захарова.

„Разберете, ние не сакаме да го симнеме превезот од очите, затоа што тогаш ќе мораме да признаеме дека сме се оттргнале од реалноста, туку и дека сме голи. Вечно, се надевам, ваш Генерален секретар на НАТО“, заклучува Захарова, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња