„Минатиот месец двајца високи функционери, директорот на Агенцијата за разузнавање Џејмс Клапер и министерот за внатрешна безбедност Џеј Џонсон изјавија многу конкретни работи, односно, руското раководство дало зелено светло за хакерски напади врз претставниците на Демократската партија на САД“, вели Дејвид Игнатиус гостувајќи на телевизијата Си-Би-Ес, пренесува Ино ТВ.
„Како што ми кажаа, следело приватно предупредување. Мислам дека и самиот претседател Обама му рекол на Владимир Путин дека секој обид од страна на Русија да се меша во американските избори ќе има многу сериозни последици. Исто така ми е кажано дека после тој разговор Русите не ги засилија своите (сајбер) напади. Се чини дека ја сфатиле пораката“, рече Игнатиус.
Тој додаде дека „последното што го знае“ е дека, и покрај предупредувањата од заменик-претседателот на САД Џозеф Бајден дека ќе следи одговор на сајбер-нападите, никакви мерки против Русија не се преземени. „Се работи за желбата да се избегне какво било заострување на ситуацијата во комплицираниот предизборен период“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче