Москва презема мерки за обезбедување на кибер-безбедноста и безбедноста на информациите на ниво кое одговара на моментот и на заканите што се слушнаа на адреса на Русија на официјално ниво, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Мерки за обезбедување на кибер-безбедноста и безбедноста на информациите се преземаат на ниво што одговара на тековниот момент, како и на заканите искажани на наша адреса на официјално ниво од претставници на други држави“, изјави Песков, одговарајќи на барање за коментар за информациите за упад на американски хакери во руските мрежи.
Претходно, Ен-Би-Си објави дека американски хакери кои работат за владата на САД, упаднале во руската инфраструктура и „командните системи на Кремљ“, правејќи ги ранливи на напади доколку САД сметаат дека тоа е неопходно, пренесува „Рамблер“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче