Според прес-службата на Белата куќа, Бајден „ја потенцираше поддршката од САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на нејзините меѓународно признати граници и ја осуди Русија за ратификацијата на договорот со Абхазија за здружена воена групација“, пренесува РИА „Новости“.
Државната дума на РФ во средата го донесе Законот за ратификација на договорот меѓу Русија и Абхазија за здружена воена групација.
Договорот беше потпишан во Москва на 21 ноември 2015 година. Документот ги дефинира мисијата, формирањето, распоредувањето и користењето на здружената воена групација на ВС Русија и ВС Абхазија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче