Путин: Русија е подготвена да ѝ помогне на Италија околу земјотресите

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Матео Ренци ја потврди подготвеноста да ја даде потребната помош за отстранување на од земјотресот во Италија, соопшти во вторникот прес-службата на Кремљ.

Во неделата наутро на 30 октомври, во Италија беше регистриран земјотрес со јачина од 6,5 степени, најсилен на Апенините по земјотресот во ноември 1980 година во Кампања. Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од околу 10 километри во близина на градот Норча.

„Шефот на руската држава замоли да се пренесе зборовите со сочувство до настраданите од земјотресите што се случија во централните региони на Италија и ја потврди подготвеноста да ја даде потребна помош за отстранување на последиците од катастрофата. Беше истакнато дека спасувачките служби на двете земји одржуваат блиски работни контакти“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Ова е веќе трет голем земјотрес во последните три месеци: првиот од нив со магнитуда од 6 степени беше регистриран на 24 август, при што загинаа 298 лица. Во вечерните часови на 26 октомври речиси во истата област се случи серија последователни потреси, од кои најсилен беше со јачина од 5,9 степени. Најголема штета е регистрирана во четири италијански региони - Марке, Умбрија, Лацио и Абруцо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња