Во 102 година од животот во Москва почина народниот артист на СССР, театарски и филмски актер Владимир Зелдин. „Владимир Михајлович почина во раните утрински часови. Добив повик од болницата, каде што беше неодамна. Повеќе од три недели се обидуваа да го реанимираат, но, за жал, неуспешно“, изјави за агенцијата ТАСС сопругата на актерот Ивета Капралова.
Името на Владимир Зелдин се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најстар активен актер. На својот стогодишен јубилеј актерот без запирање одигра претстава која траеше 5 часа, а во својата долга уметничка кариера играше во повеќе од 40 филмови: во Русија и во светот е добро познат по улогите во „Свињарката и овчарот“ (1941), „Карневалска ноќ“ (1956) и „Десетте мали црнчиња“ (1987).
Неговата 101 роденден тој го дочека на сцената на неговиот Централен академски театар на Руската армија, исполнувајќи ја главната улога во нему посветената „Танц со учителот“ – драма, во која Владимир во својот живот успеа да игра повеќе од илјада пати.
Човекот-„легенда на руската сцена“, со кого замина цела една епоха – така колегите се сеќаваат на Владимир Зелдин, истакнувајќи ја несвојствената за неговата возраст впечатлива способност за работа.
„Имавме намера да подготвиме драма за неговиот 102 роденден, Зелдин, како и секогаш беше нашиот главен мотор. Целиот свој живот тој беше како дете, па можеби и затоа Господ му даде долг живот“, вели неговиот режисер Јулиј Гусман. Според него, Зелдин до последните негови денови носеше свечена облека и одеше кај високите функционери, „за да заработи за останатите станови, плати, одликувања“.
„Искрено, толку е тажно... Се чинеше дека тој е вечен, дека засекогаш ќе го има“, така се сеќава на него познатата актерка, а сега прв заменик-претседател на Комитетот на Државната Дума за култура Елена Драпеко. „На сцената тој беше подобар од сите млади, затоа што во него беше необична личност која што зборуваше со нас“, вели пратеничката.
Говорејќи за тајните на долговечноста на Зелдин неговата жена раскажа дека тој шетал секој ден по час и половина, на секакво време, никогаш не пушел и секогаш се додворувал на млади жени.
„Тој сакаше млади жени. Досега убаво им се додворува. Спрема тоа јас се однесувам смирено. Разбирам дека тоа го потхранува, го полни со енергија“, изјави Ивета Капралова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче