Кери: САД и Европа обединети во санкциите против Русија

САД и ЕУ се единствени во однос на санкциите против Русија, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

Државниот секретар на САД Џон Кери смета дека наводната вмешаност на Русија во демократските процеси во САД ја зацврстува нивната солидарност со ЕУ во однос на прашањето за продолжување на санкциите.

„Јас бев во Брисел на почетокот на месецов и видов дека единството на пристапите со нашите партнери преку Атлантикот се покажува секој ден. Европа и САД продолжуваат со цврстите економски санкции против Русија поради агресијата во Украина. Нашето единство станува посилно додека рускиот претседател Путин се обидува да се меша во функционирањето на нашиот демократски систем“, изјави Кери, говорејќи во Советот за меѓународни односи во Чикаго, пренесува РИА „Новости“.

На 15 септември Советот на ЕУ донесе одлука да ги продолжи антируските санкции против 146 физички и 37 правни лица поради ситуацијата во Украина до март 2017 година. Во октомври лидерите на ЕУ не се согласија да воведат нови санкции против Москва поради Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња