Пет европски земји ги продолжија санкциите против Русија

Украина, Црна Гора, Албанија, Лихтенштајн и Норвешка ги продолжија антируските санкции.

Пет европски земји – Украина, Црна Гора, Албанија, Лихтенштајн и Норвешка – ја продолжија важноста на санкциите против Русија уште за шест месеци, се вели во изјавата објавена на интернет-порталот на Советот на ЕУ.

Претходно на 15 септември Советот на ЕУ донесе одлука да ги продолжи антируските санкции против 146 физички и 37 правни лица поради ситуацијата во Украина до март наредната година.

Во изјавата се вели дека петте земји се придружиле на продолжувањето на антируските санкции. ЕУ, од своја страна, ја „поздравува“ оваа одлука.

„Тие ќе обезбедат соодветност на својата национална политика на оваа одлука на Советот“, се истакнува во соопштението, пренесува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња