Русија ги наведе условите за обнова на хуманитарната пауза во Алепо

Воздушно-космичките сили на Русија и Военото воздухопловство на Сирија осми ден го почитуваат мораториумот на забрана на летовите во радиус од 10 километри од Алепо.

Русија заедно со сириските власти е подготвена да ги обнови хуманитарните паузи во Алепо, доколку меѓународните организации дадат гаранции дека се подготвени да ги извлекуваат цивилите од градот, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Претходно началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ исто така соопшти дека Москва е подготвена „на прво барање“ да  воведува хуманитарни паузи во Алепо, но под услов да има веродостојна информација за подготвеноста за извлекување од градот на болните, ранетите и цивилите.

Од 20 до 23 октомври во Алепо беше прогласена хуманитарна пауза, во текот на која милитантите и цивилите можеа да го напуштат источниот дел на градот кој е под контрола на исламистите. Терористите одбија да го напуштат градот и со закани им забранија на цивилите да го сторат истото.

На почетокот на неделата со активно учество на руските војници од Центарот за помирување во Сирија Алепо успеаја да го напуштат околу 50 цивили, од кои повеќето се жени и деца.

Воздушно-космичките сили на Русија и Военото воздухопловство на Сирија осми ден го почитуваат мораториумот на забрана на летовите во радиус од 10 километри од Алепо.

За цивилите кои сакаат да ги напуштат источните реони на градот се отворени шест хуманитарни коридори, пунктови со топла храна и медицинска помош. Во реонот на Шеик Максуд рускиот центар за помирување на спротивставените страни достави 10 тони хуманитарна помош.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.