Конашенков: руските ВКС не вршат удари врз Алепо цела недела

Руските Воздушно-космички сили веќе цела недела не летаат над Алепо, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков.

Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија и Военото воздухопловство на Сирија последниве седум дена не вршеа напади врз Алепо и не летаат над градот, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

„Авионите не се доближуваат до градот и не нанесуваат удари. За цивилите кои ги напуштаат источните реони на Алепо, продолжуваат да работат нон-стоп шест хуманитарни коридори, отворени се пунктови со топла храна и за прва помош“, потенцираше Конашенков, пренесува „Лента.ру“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана исто така потврди дека во понеделникот вечерта 48 жени и деца успеале да го напуштат Алепо. Бегалците излегле од источниот дел на градот преку хуманитарен коридор во придружба на сириските власти и офицери од рускиот Центар за помирување на спротивставените страни. „Ним им е укажана потребната медицинска помош, обезбедена им е топла храна и ноќевање“, додаде портпаролот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња