Русија е подготвена да продолжи крак на гасоводот „Турски тек“ до Европа откако ќе добие од ЕУ гаранции за реализација на овој проект, изјави на средбата со членовите на здружението на европскиот бизнис во Москва шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Русија и Турција потпишаа меѓувладин договор за „Турски тек“ кој предвидува и изградба на еден крак на гасоводот, засега само еден крак, до Европа, на пример, до Грција“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Министерот за надворешни работи на Русија додаде дека „по неуспехот со „Јужен тек“ ние ќе бидеме подготвени да го продолжиме тој крак на територијата на ЕУ единствено по добивање на недвосмислени, официјални, на хартија, гаранции за реализација на овој проект“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче