Милер: Двата крака на „Турски тек“ ќе бидат изградени во предвидениот рок

Може со сигурност да се каже дека двата крака на гасоводот „Турски тек“ ќе бидат пуштени во работа во предвидениот рок до крајот на 2019 година, изјави првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер на состанокот со претседателот на РФ Владимир Путин.

Милер истакна дека „Гаспром“ веќе добил дозвола за локација во турската економска зона – во Црното море од границата на економските зони на Турција и Бугарија во правец на Турција на растојание од 250 километри – за реализација на истражувања.

„Сето тоа ни овозможува со сигурност да кажеме дека двата цевководи ќе бидат изградени во рокот, до крајот на 2019 година. Едниот цевковод со капацитет... (од 15,75 милијарди кубни метри гас) е предвиден за турскиот пазар; вториот цевковод е наменет, како што знаете, за испорака на гас за европските потрошувачи. Според тоа, се предвидува изградба на транзитна инфраструктура преку територијата на Турција кон европските земји“, изјави Милер, пренесува РИА „Новости“.

Според него, имајќи ја предвид подготвителната работа, „Гаспром“ веќе ја изгради на територијата на РФ целата неопходна инфраструктура за транспорт на гас во морскиот гасовод. Турските колеги потврдиле дека сите дозволи и документи, изготвени за локациите во турската економска зона за „Јужен тек“, важат и за „Турски тек“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња