Говорејќи во текот на одбележувањето на 60-годишнината од унгарското востание од 1956 година, премиерот на Унгарија Виктор Орбан повика на спротивставување на „советизацијата“ на Европа и на заштита на границата од масовната миграција, соопшти „Ројтерс“.
„Оние кои ја сакаат својата слобода се обврзани да го спасат Брисел од советизација и од луѓето кои сакаат да ни кажуваат со кого треба да живееме во нашите земји. Ние сакаме да бидеме европска земја, а не националност во Европа“, рече Орбан.
Како и претходно, тој истапи против системот за распределување на мигранти меѓу земјите од ЕУ. Затоа, за заштита од мигрантите премиерот на Унгарија предложи да се затворат границите.
„Ние треба да ја затвориме границата за да го запреме приливот на мигранти од југ“, додаде Орбан.
Претходно, Орбан изјави дека ЕУ не може да ја присили Унгарија да ги прифати мигрантите, пренесува порталот „Шариј.нет“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче