МНР РФ: САД сакаат дефинитивен крај на односите со Русија

Сегашната администрација на САД, зборувајќи за можноста за воведување нови санкции, очигледно има за цел дефинитивно да ги расипе односите со Русија, изјави за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Сегашната администрација на САД, зборувајќи за можноста за воведување нови санкции, очигледно има за цел дефинитивно да ги расипе односите со Русија, изјави за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Претходно портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека САД дискутираат со европските партнери како може да им се спротивстават на дејствијата на Русија во Сирија, а како дел од тоа се разгледуваат и нови санкции.

„Какви се сојузниците, таков е и карактерот на дискусиите со нив“, истакна Рјабков. Според него, се добива впечаток дека Белата куќа не си задава никакви цели освен дефинитивно да ги уништи односите со Русија.

Според него, за Москва таквите изјави „не се вест. Веројатно, нов момент претставува интензивноста со која се повторуваат тие ветувања за санкции. Јас сум веќе подготвен да се обложам со секого или да играм на машина за обложување дека тие секој ден и понатаму ќе зборуваат за санкции. Тоа се претвори во некаков секојдневен ритуал, таков елемент од задолжителната програма во некои видови спорт без кој, веројатно, некои функционери од администрацијата нема да добијат поени за поминатиот ден“, резимираше рускиот дипломат.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња