„Мислам дека ако постојната интензивност на воздушните напади остане, тоа веќе ќе биде причина да се размислува што треба да правиме“, изјави Меркел, пренесува „Лента.ру“.
Канцеларката истакна дека меѓу земјите има поголем консензус во однос на стратешките варијанти спрема Русија. Од една страна, според неа, постои желба за соработка, но од друга страна, европските земји не можат да ги игнорираат разногласијата за Сирија.
Со иста изјава настапи и францускиот претседател Франсоа Оланд. „Во оваа етапа санкции поврзани со руските дејствија во Сирија не беа донесени. Ако има нови масовни убиства и бомбардирања, треба да почнеме да воведуваме санкции против одговорните за тоа граѓани на Сирија. Во случај да продолжат бомбардирањата, и Русија може да добие одговор од страна на ЕУ“, истакна тој. „Но сѐ уште не е дојдено време за тоа“, додаде францускиот лидер.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека ЕУ нема намера да ја засилува напрегнатоста во односите со Русија, но ќе реагира на нејзините дејствија и е подготвена за дијалог. „Имајќи ги предвид овие примери е јасно дека стратегијата на Русија се состои во ослабување на ЕУ“, изјави тој.
Канцеларот на Австрија Кристијан Керн соопшти дека ниту една од земјите-членки не побарала воведување санкции против Русија поради ситуацијата во Сирија. „Сметам дека овој ден беше важен за одлуките во врска со стратегијата во однос на Русија. Направивме важен чекор напред“, истакна тој.
Претходно Европскиот совет во својата изјава по завршувањето на самитот „решително ги осудува нападите на сириските власти и нејзините сојузници, пред сѐ на Русија, врз цивилното население на Алепо“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче