Грција е против антируските санкции

Првиот заменик-министер за надворешни работи на Грција Никос Ксидакис смета дека меѓусебните санкции на Европската унија и Русија се штетни за двете страни.

Меѓусебните санкции на Европската унија и Русија им пречат на двете страни и место тоа треба да се проширува дијалогот меѓу ЕУ и Русија, изјави првиот заменик-министер за надворешни работи на Грција Никос Ксидакис во интервју за информативниот портал „ЕурАктив“.

Интервјуто е во пресрет на дводневниот самит на ЕУ на кој ќе се дискутира за односите со Москва и во него Ксидакис изразува надеж дека на самитот ќе се слушнат поумерените гласови.

„Верувам дека умерените гласови во ЕУ и советот ќе бидат слушнати, ќе го поддржат продлабочувањето на дијалогот и ќе се обидат да ги отстранат оваа ќорсокак ситуација и застојот“, изјави тој.

Ксидакис изразува претпазлив оптимизам дека ќе биде најдено решение кое нема да ја влоши затегнатоста во односите меѓу Русија и ЕУ, истакнувајќи дека никој нема да добие од лошите односи во среднорочна и долгорочна перспектива.

Ксидакис изјави дека на Европа ѝ е потребна Русија како испорачувач на енергетски ресурси, голем трговски партнер, а и на Русија ѝ е потребна Европа, првенствено поради тоа што Европа е голем клиент во енергетиката поради стратешки и комерцијални причини.

Лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ на работна вечера во Брисел во четвртокот ќе имаат широка дискусија за односите со Русија поради влошување на ситуацијата во сириски Алепо, за што ЕУ ги обвинува Русија и сириските власти, но не се планира да донесе некакви одлуки во врска со тоа, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња