Дипломатот истакна дека претходно Москва „даде важна изјава“ со прекинот на воздушните напади во Алепо.
„Сметаме дека во овие услови е од суштинско значење за земјите-членки кои имаат влијание врз вооружените опозициски групи во источниот дел на Алепо и надвор од него да ги интензивираат напорите за брзо одвојување на сите „умерени“ сили на опозицијата од терористите, прогласени за такви од страна на Советот за безбедност на ОН. Исто така сметаме дека е многу важно за сите страни да се спречи испораката на финансиска и материјална поддршка за поединечни лица и групи, групации, кои се поврзани со терористичките групи, прогласени за такви од Советот за безбедност на ООН“, изјави Чуркин, пренесува РИА „Новости“.
Според него, Русија инсистира сите страни да престанат да соработуваат со терористите, да се одвојат од нив и формално да го прифатат режимот на прекин на огнот.
„Ние подготвивме предлог-резолуција во врска со тоа, се надеваме дека ќе биде прифатена од членките на Советот“, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН.
Чуркин истакна дека воздушните напади се запрени пред почетокот на „хуманитарната пауза“. Тој изрази надеж дека земјите блиски до „умерената опозиција“ „ќе ги убедат да го направат вистинскиот избор“.
„Или ќе го напуштат градот, или ќе се одвојат од „Нусра“ (Џебхат ан Нусра) и повторно ќе го прифатат режимот на прекин на огнот. Но нешто треба да се направи со „Нусра“ . Прво, „умерените“ треба да се одвојат од неа, а потоа „Нусра“ ќе мора да го напушти градот, или ќе се соочи со некои непријатни последици“, потенцираше рускиот дипломат.
Според Чуркин, работата за раздвојување на тнр. умерени опозициски групи и „Џебхат ан Нусра“ „барем на карта“ ќе продолжи во среда во Женева.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче