Ловци од носачот „Адмирал Кузнецов“ почнаа да летаат над Атлантикот

Во вторникот над Атлантикот почна со летови палубната авијација на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, соопшти Воената морнарица на Норвешка.

Според снимките кои ги направи фрегатата на норвешката Воена морнарица „Фритјеф Нансен“, задолжена да го следи движењето на руската бродска група во близина на норвешките територијални води, од рускиот носач на авиони полетал авион-ловец од четврта генерација Су-33, пренесува „Взгљад“.

Во саботата бродската група на чело со носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и крстосувачот на нуклеарен погон „Петар Велики“ исплови кон Средоземното море со цел обезбедување на воено-поморско присуство на руските сили во оперативно важните делови на светските води.

Воената морнарица на Велика Британија го засили режимот на борбено дежурство во врска со испраќањето на руската група во Средоземното море.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња