Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ плови кон Средоземното море

Група бродови на Северната флота на РФ се упати кон северноисточните области на Атлантскиот океан и Средоземното море.

Група бродови во чиј состав е тешкиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ и тешкиот атомски ракетен крстосувач „Петар Велики“ во саботата отпловија кон северноисточните области на Атлантскиот океан и Средоземното море, соопшти за „Интерфакс“ прес-службата на Северната флота на РФ.

Во состав на групата бродови се наоѓаат и бродовите за борба против подморници „Североморск“ и „Вицеадмирал Кулаков“ и бродови за логистика.

„Целта на мисијата е да се обезбеди воено-поморско присуство во оперативно важните области на светските води“, изјави прес-службата.

Исто така, беше соопштено дека посебно внимание ќе биде посветено на безбедноста на бродската пловидба и другите видови поморска економска дејност на РФ, како и на реагирањето на новите видови современи закани како што се пиратството и меѓународниот тероризам.

„Во текот на мисијата ќе се врши поморска обука и боева координација на екипажите на површинските бродови, ќе се одработуваат заеднички дејствија на бродската група со носачот на авиони, вклучувајќи летови на палубните авиони и хеликоптери. Планирани се и заеднички маневри со бродови на другите флоти на ВМФ Русија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња