Обама: Русија треба да биде дел од решенијата на глобалните проблеми

Претседателот на САД Барак Обама посакува Русија да биде дел од решенијата на проблемите во светот, а не еден од нивните извори.

Русија е важна земја која треба да учествува во решавањето на глобалните проблеми, а не да биде еден од нивните извори, изјави во вторникот претседателот на САД Барак Обама.

„Ние сметаме дека Русија е голема, важна земја. Пред нејзините вооружени сили се единствено нашите. И ние сметаме дека РФ треба да биде дел од решенијата на проблемите во светот, а не еден од нивните извори“, изјави Обама во текот на прес-конференцијата во Белата куќа со премиерот на Италија Матео Ренци, пренесува „Интерфакс“.

„Меѓутоа постапките на Русија ги поткопаа меѓународните норми, правилата и ние сме должни да го акцентираме тоа“, додаде Обама. Според него „секој што ја врши оваа функција (претседател на САД) треба да го дели ова гледиште“.

Обама ги нарече неточни изјавите дека Вашингтон некоректно реагира на руската политика.

„Сите изјави дека ние на некаков начин реагираме некоректно на агресијата на Русија или дека некако се обидуваме да ѝ наштетиме на нејзините законски интереси се неточни“, изјави Обама.

Посетата на италијанскиот премиер Матео Ренци е последната посета на која Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама се домаќини во Белата куќа.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња