Асма Асад: Не си одам од Сирија

Асма Асад, сопругата на сирискиот претседател Башар Асад, изјави во интервју за руската телевизија „Русија 24“ дека и покрај бројните душогрижнички понуди и гаранции за безбедност и финансиска сигурност за неа и нејзините деца, никогаш не размислувала да ја напушти својата земја.

„Овде сум (во Сирија) од самиот почеток и никогаш не сум размислувала да отидам некаде. Да, се разбира, ми беше нудена можност да ја напуштам Сирија, или поточно да избегам од Сирија, а понудите подразбираа гаранции на безбедност и заштита на моите деца, па дури и финансиска сигурност. Меѓутоа, не треба да се биде генијалец за да се сфати вистинската цел на таквите понуди кои всушност не се грижат за моето добро, ниту за доброто на моите деца. Се работи за смислени обиди на луѓето во Сирија да им се разниша довербата во претседателот“, изјави во интервјуто за телевизијата „Русија 24“ Асма Асад, одговарајќи на прашањето дали некои ѝ препорачувал да ја напушти Сирија за да ги со спаси животот.

Според неа, ситуацијата во земјата би била многу полоша доколку ги немало вистинските пријатели на Сирија кои се вмешале и помогнале да се надоместат некои политички и економски последици од санкциите. Во таа смисла таа високо ја оценува улогата на Русија, која на Сирија ѝ „даде непроценлива хуманитарна и економска поддршка“.

„За хуманитарната ситуација во Сирија се зборуваше многу. Навистина, тешко е да се опише целата сериозност на ситуацијата. Раселувањето на луѓето, немаштијата, болестите, страдањата, сето тоа е без преседан. И да биде иронијата поголема, западните медиуми најмногу сакаат да се сосредоточат исклучително на тешката положба на бегалците и луѓето кои се наоѓаат на просторот под контрола на вооружените групации, додека мнозинството раселени живеат во други делови на земјата“, изјави Асма Асад во интервјуто за руската телевизија

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња