Претседателот на Египет Абдел Фатех ал Сиси изјави дека ниедна странска држава не може да изгради воена база на територијата на неговата држава, вклучително и Русија. Ова тој го изјави во интервју за египетските медиуми, пренесува „Ал Ахрам“.
„За жал, некои египетски медиуми ја пренесоа таа вест без да ја проверат нејзината веродостојност. Никакви воени бази на Русија или други држави во Египет нема (...), немало и никогаш нема да има“, изјави египетскиот лидер.
Претходно весникот „Известија“ пишуваше дека Русија води преговори со Египет за изнајмување египетски воени објекти, вклучително и за советската авиобаза во градот Сиди Барани. Изданието се повикуваше на извори во надворешнополитичките кругови и во Министерството за одбрана на Русија.
Како што истакнува РИА „Новости“, подоцна портпаролот на администрацијата на претседателот на Египет Ала Јусеф ја демантираше таа информација. „Египет има цврст став кој одбива создавање странски воени бази на негова територија“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче