МНР РФ ги нарече чудни разговорите за нови санкции против Русија

Претходно медиумите соопштија дека неколку европски земји ја разгледуваат опцијата за воведување санкции против високи руски функционери „поради бомбардирањето на Алепо“.

Земјите од ЕУ заземаат чуден и нелогичен став за санкциската политика во однос на Русија, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Ту овде, ту онде слушаме гласови дека е потребно да се укинат старите санкции, но не затоа што се вљубиле во Русија, туку едноставно поради тоа што тие директно ѝ штетат на економијата на оние земји кои се приклучија на нив“, изјави Захарова, пренесува РИА „Новости“.

„Во моментов се води разговор за нови санкции, а притоа паралелно течат процеси во различни билатерални, мултилатерални формати, на пример, за сириското решени. Чудниот, нелогичен, несамостоен став што го покажуваат земјите за коишто и самиот е штетен“, додаде Захарова.

Претходно медиумите соопштија дека неколку европски земји ја разгледуваат опцијата за воведување санкции против високи руски функционери „поради бомбардирањето на Алепо“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња