Земјите на Европската унија планираат наредната недела да дискутираат за нови санкции против Русија поради ситуацијата во сирискиот град Алепо. Ова го соопшти „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на висок дипломатски извор во ЕУ.
Соговорникот на весникот истакна дека на следниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, кој ќе се одржи в понеделник, 17 октомври, не се планира воведување какви било санкции. Меѓутоа, доколку бомбардирањата на Алепо продолжат и ситуацијата се влошува и понатаму, на прашањето на санкциите ќе му биде посветено „сериозно внимание“.
Пред сѐ, како што се претпоставува, проширувањето на санкциите ќе се однесува на руските функционери, кои ќе ги вклучат во веќе постојниот список на ЕУ. Притоа засега во предлогот за заедничката изјава по состанокот се планира само да се осуди „режимот на претседателот на Сирија Башар Асад и неговите сојузници“ за напади врз цивили. Директни обвинувања на адреса на Русија нема да има во документот, сепак „Вол Стрит Џурнал“ не исклучува дека до моментот на негово усвојување формулациите да бидат заострени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче