„Ние треба да останеме жестоки спрема Русија. Санкциите треба да останат на сила и поради ситуацијата во Украина, каде продолжува конфликтот... Санкциите се ефективни, ѝ нанесуваат штета на руската економија. Ние треба да продолжиме да го вршиме тој притисок“, изјави Џонсон, говорејќи на седницата на меѓународниот комитет на британскиот парламент, пренесува РИА „Новости“.
Притоа Џонсон ја спореди денешна Русија со СССР од ерата на студената војна и истакна дека Москва сега не претставува таква закана. Исто така, според него, Британија треба да бара начини за подобрување на односите со Русија, меѓутоа министерот го поврза тоа со ситуацијата во Русија.
„Ние имаме заеднички интереси и прашање кои можеме да ги решаваме заеднички. И Русите, и Британците, вклучително и туристите, се соочуваат со опасноста од тероризам... Русија е голема земја, јас сум русофил. Ние треба да бидеме отворени кон Русија, да ги држиме отворени сите канали за дијалог и врска. Но тоа (подобрувањето на односите) е можно само доколку запрат варварските бомбардирања на Алепо и решавање на ситуацијата во Украина“, истакна шефот на британската дипломатија.
Џонсон исто така призна дека антируските санкции имаат негативно влијание и врз британската економија.
„Обемот на нашата трговија со Русија значително се намали, санкциите извршија влијание“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче