Кери: САД ја повикуваат РФ „да се врати на почитување“ на Договорот за РСКД

Вашингтон ја повикува Москва „да се врати на почитувањето“ на договорот за уништување на ракетите со среден дострел и краток дострел (РСКД), изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

„Како што кажа претседателот (на САД Барак) Обама, правилата мора да бидат обврзувачки. Затоа ја повикуваме Русија да се врати на почитување на РСКД и на тој начин да ја обезбеди целта на договорот - уништување на една цела класа оружје во нашите арсенали во полза на Европа, Азија и останатиот свет“, се вели во изјавата на Кери по повод 30-годишнината од самитот во Рејкјавик (Исланд), на кој Генералниот секретар на Централниот комитет на КПСС Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган ги поставија темелите за стратешко намалување на вооружувањето.

Кери ги пофали напорите на Реган и Горбачов пред 30 години.

„Идеите за кои дискутираа претседателот Роналд Реган и генералниот секретар Михаил Горбачов ги поставија темелите на современата контрола на вооружувањето и  разоружувањето, помогнаа да се забави трката за вооружување и ги поттикнаа преговорите за РСКФ и договорот за намалување на стратешкото офанзивно вооружување“, изјави Кери, пренесува РИА „Новости“.

Тој потсети дека за време на Студената војна САД и Советскиот Сојуз имаа акумулирано илјадници нуклеарни боеви глави кои биле поставени на стратешки ракети и бомбардери. Реган и Горбачов успеаја да иницираат заедничко намалување на нуклеарните арсенали и средствата за испорака на нуклеарно оружје, изјави американскиот државен секретар.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња