Од одбивањето на Вашингтон да соработува со Москва за Сирија полза имаат само терористите, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов на седмиот Сјангшан форум за безбедност во Пекинг.
Тој изрази жалење што Вашингтон го раскина договорот постигнат со толку потешкотии на ниво на шефовите на дипломатиите на Русија и САД од 9 септември.
„Американците одбија (а, можеби, просто не беа во состојба да го сторат тоа) да ја разграничат опозицијата која соработува со коалицијата и терористите од „Џебхат ан-Нусра), како и да соработуваат за деблокада на патот „Кастело“, што е најважната хуманитарна артерија во Алепо”, изјави Антонов, пренесува РИА „Новости”.
Според него, приврзаниците на вооружени дејствија во Вашингтон извојувале пирова победа кога го прекинаа дијалогот со Русија за Сирија.
„Овој потег предизвикува жалење и разочарување. Тешко ни е да поверуваме дека Вашингтон дефинитивно се откажа од дипломатија и се сврте кон воено решавање на конфликтот во Сирија. Од ваквите деструктивни потези на Вашингтон полза имаат само терористите. Затоа е важно да се отфрлат емоциите и повторно да се измерат сите ЗА и ПРОТИВ на заедничката борба против тероризмот. На потег е Вашингтон“, заклучи Антонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче