Захарова со оценка за опасноста од судир меѓу Русија и САД во Сирија

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова одговарајќи на прашањето за можноста од директен судир меѓу силите на Русија и САД во Сирија потсети дека меѓу двете земји постои договор за спречување конфликти.

„Мислам дека ова прашање има многу компоненти, иако, се разбира, е такво директно. Кај нас директен одговор може да биде тоа што имаме склучено соодветна спогодба, договор со Американците за спречување конфликти. Тоа е толку директен одговор на вашето директно прашање“, одговори Захарова во програмата на телевизијата „Русија 1“ на прашањето колкава е веројатноста од директен судир во Сирија, на пример, ако САД ја бомбардираат сириската армија, а Русија ги активира своите системи С-300.

„Но, ситуацијата е многу посложена, затоа што, како прво, тоа е повторно плодна почва за никнување на терористичките ништожници кои потоа ќе преплават сѐ: и регионите, и Европа, и ќе дојдат до САД. За жал, сето тоа е веќе искусено. Вториот момент – тоа е, се разбира, отфрлање на долг рок на било каква реална перспектива за решение во Сирија“, продолжи таа.

Захарова исто така укажа дека првин Вашингтон кажа дека прекинува секаков дијалог со Русија за сириското решение.

„Потоа поминаа два дена. И се појавија нови пристапи – дека тие не се откажуваат од политичко регулирање. И дека самата работа за барање, за излез од ситуацијата ја сметаат за многу важна. Поминува уште еден ден, и се појавува ново прашање – дека тие не ја раскинале, туку ја запреле соработката со Русија во тој правец“, изјави портпаролот на МНР РФ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња