Москва не се стреми да извлече полза од нестабилната ситуација на Блискиот Исток, изјави во понеделникот шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.
„Она што се случува (на Блискиот Исток) е директна последица од активностите на оние земји, кои се обидуваат да промовираат концепт на промена режимите кои не им одговараат, вклучително и по насилен пат“, изјави Лавров на приемот по повод муслиманската нова година.
„Русија не се стреми да извлече било каква егоистична полза од нестабилната ситуација во регионот и не се обидува да го воспостави своето влијание преку преформатирање на блискоисточниот простор“, истакна тој, пренесува РИА „Новости“.
Москва е заинтересирана за најбрзо надминување на сите кризи по политичко-дипломатски пат, цврсто базирајќи се на меѓународното право, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче