Русија смета на технолошка соработка со Јапонија

Вицепремиерот на Русија Аркадиј Дворкович говореше на меѓународниот форум „Науката и технологиите во општеството“ што се одржува во јапонскиот град Кјото.

Развојот на руско-јапонските врски во сферата на науката, технологијата и иновациите ќе биде една од важните компоненти на успешната реализација на планот за економска соработка предложен од премиерот на Јапонија Шинзо Абе, изјави во неделата рускиот вицепремиер Аркадиј Доркович.

Тој говореше на меѓународниот форум „Науката и технологиите во општеството“ што се одржува во јапонскиот град Кјото.

Во мај во Сочи Абе ѝ предложи на Русија план кој предвидува реализација на значајни инвестициски проекти во осум различни области -  енергетиката, индустријата, здравството, земјоделството, урбанизмот, соработката на претпријатијата од малиот и среден бизнис, високите технологии и хуманитарната размена.

„Сигурен сум дека една од компонентите на успешната реализација на овој план ќе претставува и развојот на билатералните односи во сферата на науката, технологиите и иновациите“, изјави Дворкович, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња