Русија го зголеми бројот на авиони во Сирија

Русија испрати во сириската база „Хмејмим“ дополнителни бомбардери Су-24 и Су-34, а за префрлање во Сирија се подготвени и јуришните ловци-бомбардери Су-25 „Грач“.

„До овој момент во Сирија се префрлени само дополнителни бомбардери Су-24 и Су-34, а Су-25 засега остануваат на руска територија во резерва“, соопшти извор на весникот „Известија“, пренесува „Взгљад“.

„По потреба групата на Воздушно-космичките сили ќе биде засилена за два-три дена. Ловците-бомбардери Су-25, наменети за испраќање во базата „Хмејмим“, веќе се одбрани во полковите и подготвени за лет, нивните екипажи очекуваат наредба од командата“.

Според изворот, досега засилувањето на руската група било мало и фактички имало карактер на планско ротирање на силите.

Политолозите констатираат дека, зголемувајќи ја групата во Сирија, Москва демонстрира подготвеност за решителни мерки во случај на немање напредок во преговарачкиот процес.

Претседателот на Советот за надворешна и одбранбена политика Фјодор Лукјанов појасни дека зголемувањето на силите може да биде одговор на фактичкиот неуспех на прекинот на огнот.

„За жал, миротворните напори влегоа во ќорсокак, а владините сили засега не се способни самостојно да дојдат до пресврт во војната и ние мораме да се вратиме на она ниво на вмешаност какво што беше до март оваа година“, констатира политикологот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња