„Најголем предизвик за военото воздухопловство на САД е појавата на еднаквите по сила противници кои поседуваат напредни воени капацитети и кои не се инфериорни во однос на нашите можности“, го цитира „Вол Стрит Џурнал“ началникот на штабот на Военото воздухопловство на САД генерал Дејвид Голдфејн.
Во следните неколку години Москва и Пекинг може да добијат нови примероци техника како од авијациската, така и од противвоздушната одбрана, истакнува весникот. Модернизацијата се врши во време кога Русија и Кина ја покажуваат својата сила на жариштата на Блискиот Исток и во Јужното Кинеско Море, поради што западните воени стратези почнуваат сѐ поактивно да инсистираат на изградба на нова генерација на воени авиони.
Военото воздухопловство на САД располага со неодамна сертифицираниот единствен стелт-ловец F-35, специјално дизајниран за ограничени воздушни напади и ловецот-бомбардер F-22 кој, исто така, може да се прибира разузнавачки информации над непријателска територија. Сепак, 76% од ловците на САД се авиони од минатата ера: F-15 лета во составот на воздухопловните сили од 1975 година, F-16 - од 1979 година, а на F/А-18 првпат го доби американската морнарица во 1978 година. Овие стари авиони, исто така, ја формираат основата на воздухопловните сили на многу сојузници на САД во Европа и Азија, додава весникот.
Русија планира да го прими во состав на своето вооружување сопствениот стелт-ловец Т-50 во 2018 година, се вели во статијата. Кина, пак, одамна се потпира на рускиоте модели, користејќи го стариот дизајн или правејќи нови по лиценца. Има и нови модели – авионите J-20 авиони и FC-31 кои однадвор потсетуваат на американските F-22 и F-35.
Воената заедница во САД не е само загрижена за воздухопловните средства, доддава изданието. Москва и Пекинг добиваат посовремени ракетни системи за ПВО, како на пример C-400, кој е во состојба да ги собори непријателските авиони на растојание од 380 километри, што е двојно повеќе од порано.
„Тоа многу сериозни го усложнува водењето било какви воени операции“, изјави генерал-полковник на Военото воздухопловство на САД во пензија Дејвид Дептула.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче