Какви ќе бидат авионите од шестата генерација во САД и Русија?

Авион Т-50 во текот на пробните летови на натпреварот во летање „Авиадартс 2015“ во Воронеж.

Авион Т-50 во текот на пробните летови на натпреварот во летање „Авиадартс 2015“ во Воронеж.

Владимир Астапкович / РИА „Новости“
Ловци од шестата генерација се развиваат активно во САД и Русија. Воените експерти раскажуваат каква може да биде во блиска иднина воената авијација.

Во САД се работи на изучување на перспективите на тактиката на воздушната борба и на технологијата неопходна за постигнување на доминација во воздухот во иднина. Концептуалните гледишта се оформија во сет на барања, кои го добија името „Следната генерација воздушна доминација“ (Next Generation Air Dominance - NGAD). Во некои случаи овој документ се нарекува „Зголемување на способноста за навлегување во воздушниот простор на потенцијалниот противник“ (Penetrating Counter Air - PCA).

Бригадниот генерал Алексус Гринкевич кој учествува во програмата „Воздушна супериорност-2030“ (Air Superiority 2030), во интервју за весникот „Дифенс Њуз“ изјави: „Ние треба да имаме нешто уште кон крајот на дваесеттите години“.

„Мислам дека реалните рокови за создавање на ловци од шестата генерација се некаде кон 2028 година, со присуство на инвестиции во клучните области на потребните технологии“. Во овој случај, според генералот, може да се зборува за нови можности за влез во воздушниот простор на потенцијалниот противник.

Следната генерација на воздушна доминација

Американските аналитичари прогнозираат дека идната доминација на ВВС на САД ќе се базира не само на една платформа, на пример ловци од шестата генерација. Наместо тоа ќе биде некое комплексно мрежно семејство од системи.

Во моментов веќе се работи на слична шема во базата на ВВС на САД во Рајт Патерсон (државата Охајо). Токму таму се очекува да бидат истражени новите технологии и да се изработат барањата во рамките на NGAD. Клучот за успехот ќе бидат паралелните работи во областа на развој на моторот, патната радиоелектронска опрема и оружјето, кои потоа ќе бидат интегрирани во ловците од шестата генерација.

Беспилотно летало „Тритон“ во текот на првиот лет над фабриката на „Нортроп Груман“ во Палмдејл, Калифорнија, на 22 мај 2013. Извор: РојтерсБеспилотно летало „Тритон“ во текот на првиот лет над фабриката на „Нортроп Груман“ во Палмдејл, Калифорнија, на 22 мај 2013. Извор: Ројтерс

„NGAD, исто како и другите ловци, ќе треба да продира во одбранбениот простор на непријателот и да навлегува во оспоруваните простори, но освен тоа ќе мора да бидат во можност да делува на поголеми растојанија во споредба со сегашните платформи“, посочува Гринкевич.

Суперсоничен и беспилотен

И во Русија се работи на ловци од шестата генерација.

Уште во март 2016 година командантот на Воздушно-космичките сили (ВВС) генерал-полковник Виктор Бондарев изјави дека „се врши разработка на шестата, и најверојатно на седмата генерација“.

Подоцна претставник на Обединетата авиоградежна корпорација Владимир Михајлов рече дека борбените авиони од шестата генерација ќе се издигнува во воздухот во 2023 година. А, во јули советникот на заменик-генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ Владимир Михеев изјави дека авионите од шестата генерација ќе бидат вселенски и беспилотни. Со други зборови, ќе можат да излегуваат во блискиот космос, а нивното управување ќе биде со опции: ќе може да се земе пилот во авионот, но ќе може да се лета и без него. Според зборовите на Бондарев „можноста за беспилотни експлоатација е едно од барањата за ловци од шестата генерација“. Покрај тоа, авионот треба да биде во состојба „да достигне хиперсонична брзина, да биде мултифункционален, надманеварски и слабозабележлив“.

„Сето ова е област на дискусиите“

„Планови за создавање на домашна „шеста генерација“ има, но сфаќањата како треба да изгледа таа, какви технологии да се користат и со какви ривали треба да се соочи, нема“, вели независниот воен експерт Антон Лавров.

На пример, има многу проблеми со хиперсоничните авиони. Во САД не еднаш се обидоа да направат испитувања со хиперсонични брзини. Повеќето прототипи при такви режими не издржаа ни неколку минути лет.

„Пред да зборуваме за шеста генерација, треба да направиме петтата да биде доведена до работоспособно состојба, а развојот на шестата генерација, се разбира, треба да се реализира. Само што јас не би давал изјави дека нашите перспективни ловци ќе полетаат во воздухот за само шест години, во 2023 година. Некои се потсмеваат, се разбира, може да се кренат во воздух. Но, дали сепак тоа ќе биде шестата генерација?“, вели главниот уредник на списанието „Експерт вооруженија“ Андреј Фролов.

Главниот уредник на списанието „Взљот“ Андреј Фомин забележува дека не се знае дали постои некаков документ кој го дефинира концептот.

„Затоа сè уште не може да се каже со сигурност каков ќе биде авионот од шестата генерација - пилотиран или беспилотен, хиперсоничен или не. Засега сето тоа е повеќе во областа на дискусиите и на прелиминарните истражувања“, истакнува Фомин.

Целиот текст на руски можете да го прочитате на сајтот на „Газета.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња