Кандидатката за претседател на САД Хилари Клинтон додека ја извршуваше функцијата државен секретар на САД заборавила таен документ во хотел додека престојувала во Русија, пренесува телевизијата Еј-Би-Си Њуз повикувајќи се на извештајот што го објави ФБИ во петокот, 23 септември, посветен на нејзиниот небрежен однос кон тајната документација.
Според објавените материјали, еден од помошниците на Клинтон донел во собата каде престојувала Клинтон чанта со таен извештај. Откако Клинтон и нејзиниот помошник ја напуштиле собата, документот го пронашле припадниците на дипломатското обезбедување.
Според правилата, документот воопшто не требало да биде донесен во собата, истакнува ФБИ.
Во март 2015 година се случи скандал со електронската преписка на Клинтон. Се покажа дека водела деловна преписка како државен секретар преку својата приватна е-пошта. Подоцна таа ги предаде на ФБИ сите писма кои се најдоа на приватен сервер за зачувување на електронската преписка, бришејќи притоа околу 30 илјади е-писма, изјавувајќи дека тие имале стриктно приватен карактер.
Клинтон беше државен секретар на САД од 21 јануари 2009 до 1 февруари 2013 година., пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче