Ердоган му вети на Порошенко поддршка за враќањето на Крим на Украина

Обновата на дијалогот со Русија нема да се одрази на ставот на Турција за Крим и на прашањето за „кршењето на правата на кримскотатарскиот народ”, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му вети на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Анкара нема да се откаже од својот став за припојувањето на Крим на Русија. Тој го изјави ова на средбата на двајцата политичари на маргините на 72 заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се наведува на сајтот на претседателот на Украина.

Ердоган истакна дека Турција планира и понатаму да го поддржува Киев околу прашањето за воспоставувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како во билатерален, така и во мултилатерален поглед, се наведува во соопштението што го пренесува РИА „Новости”.

Тој исто така истакна дека обновата на дијалогот со Русија нема да се одрази на ставот на Турција за Крим и на прашањето за „кршењето на правата на кримскотатарскиот народ”.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња