Жител на Русија одгледа тиква тешка 400 килограми

Виктор Лисицин/Global Look Press
Жителот на Краснодарскиот крај на Русија Максим Величко одгледа тиква тешка 400 килограми. Притоа плодот продолжува да расте. Ова го објави агенцијата KrasnodarMedia.

Дневно тиквата добива по 10 килограми на тежина, а билката зазема површина од околу 150 квадратни метри.

Според податоците на агенцијата, се работи за една од најголемите тикви во Русија.

На 18 август беше објавено дека во градот Чебоксари ученикот во осмо одделение Фјодор Матросов, кој три години се занимава со градинарство, одгледал тиква од 60 килограми. Според ученикот, за ваков плод е потребна внимателна подготовка и нега. Во април тој го засадил семето прво во саксија, а кога се појавил изданокот, го пренел во пластеник.

Претходно жителката на Псковската област Љубов Ермолаева во својот пластеник одгледала домат тежок речиси еден килограм. Според неа, таа одгледува домати од различни сорти и различна тежина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња