Претседателот на Украина Петро Порошенко оцени на отворањето на самитот „Јалта - Европска стратегија“ во Киев дека руската пропаганда со своите параноични идеи го преплавила Западот, пренесува телевизијата „112 Украина“.
„Русија настојува да ѝ „влезе во глава“ на западната цивилизација: Евроскептицизмот, антиамериканизмот и изолационизмот го уништуваат координативниот систем на Западот“, изјави Порошенко.
Тој додаде дека Кремљ се обидува да ја дезорганизира Европската унија и да изгради алтернативна Европа која, како што вели тој, се заснова на егоизам, популизам и цинизам. „Ние денес треба да се подготвуваме за таа потенцијална реалност“, нагласи Порошенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче