Претседателот на Украина Петро Порошенко во обраќањето до пратениците во Врховната рада изјави дека украинската економија претрпела загуби од 15 милијарди долари. Притоа тој ја префрли вината за овие загуби врз Русија.
„Федералната агенција за новости“ потсетува дека Украина самата се одрече од рускиот пазар и се реши за пазарот на Европската унија, склучувајќи спогодба за асоцијација со ЕУ.
Украинскиот политиколог Владимир Корнилов смета дека не постојат никакви основи за лошата економска ситуација во Украина да се обвинува Русија.
„Русија чесно предупредуваше дека Украина ќе загуби милијарди ако ги загуби трговските врски со Русија“, истакнува Корнилов. „Но Киев самиот се реши токму за тој курс, така што воопшто нема смисла да ја обвинува Русија“.
Потпретседателот на Центарот за социјални и политички истражувања „Аспект” Ирина Алкснис смета дека економските загуби на Украина се последица на деградацијата и распадот на украинската државност како таква. Таа истакнува дека Украина веќе ги потроши сите резерви и дека колапсот не е далеку.
„Сето тоа е последица на периодот од две и пол години кои Петро Порошенко ги помина на чело на државата“, уверена е Алкснис. „Украинскиот претседател има сѐ помалку можности да се оправда, а му се поставуваат сѐ повеќе непријатни прашања“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче