Кучма: Париз и Берлин се одговорни за неисполнувањето на „Минск 2“

Германија и Франција, како членки на „Нормандиската четворка“ мора да преземат одговорност за неисполнувањето на „Минската спогодба“, вклучувајќи го делот кој се однесува на повлекување на тешкото оружје од демаркационата линија во Донбас, изјави претставникот на преговорите во Минск Леонид Кучма.

„Најзначајните претставници на „Нормандиската четворка“ се Германија и Франција. Луѓето кои ги донесуваа одлуките се одговорни за тие одлуки. Ако тие не се реализираат во степен во кој е предвидено, првенствено, втората точка, тие нека ја преземат одговорноста, бидејќи одговорноста не е на трилатералната контакт-група која се занимава со контактите, а не донесува никакви одлуки“, изјави Кучма за телевизијата „112 Украина“.

Во согласност со „Минската спогодба“ Киев до крајот на 2015 година требаше да спроведе уставна реформа. Нејзина клучна карактеристика требаше да бидат децентрализацијата и донесувањето на законот за посебниот статус на одделни делови на Донецката и Луганската област, сепак, украинската влада не го исполнил тој дел од договорот.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна изјави дека Москва е уверена дека процесот на имплементација на „Минската спогодба“ мора да тргне од мртва точка, пишува „Взгљад“.

Режимот на прекин на огнот во Донбас стапи на сила на 1 септември на полноќ. Претходно беше договорен на состанокот на контакт-групата во Минск на 26 август. Прекинот на огнот е по повод почетокот на учебната година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња